Граѓаните не го оправдуваат уништувањето на спомениците

Мнозинството граѓани сметаат дека фарбањето и уништувањето на спомениците не е оправдано. Ова го покажува анкетата на Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, анкетата ја спроведе на барање и во соработка со неделникот „Република“.
ps8-chart-120-520x204

Граѓаните во земјава не наоѓаат оправдување во фарбањето на зградите и спомениците. Дека не е оправдан ваквиот чекор сметаат 60,9 проценти од испитаниците, а само 26,6 отсто наоѓаат оправдување во ваквата постапка.

 

8-chart-120-520x427

Ако се издвојат одговорите на испитаниците кои се Македонци, процентот на оние кои не наоѓаат оправдување за уништувањето и фарбањето на зградите и спомениците е уште поголем – 70 отсто. Само 18,4 проценти го имаат спротивното мислење.

Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.