Граѓаните од 17 општини велат „не“ за стратегијата на СДСМ, потписи денеска и во Куманово, Кавадарци и Охрид

Граѓаните масовно го изразуваат својот револт од плановите на СДСМ во Македонија да се градат живеалишта за мигранти.

Жителите на Куманово, Кавадарци и Охрид денес ги доставуваат своите потписи за референдум против изградбата на живеалишта за мигрантите.

„Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име“, порачуваат граѓаните.

Потписи веќе се собираат во 17 општини: Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип.

Додека граѓаните даваат црвено светло за оваа идеја на СДСМ, партијата на Зоран Заев ги повлекува своите советници кога треба да се гласа за стратегијата. Тие даваат поддршка за живеалишта за мигранти, па не учествуваат на седници каде што се гласа против.