Граѓаните побараа поддршка од ВМРО-ДПМНЕ: Единствен начин да заврши кризата се нови парламентарни избори

Денеска граѓаните дојдоа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде побараа поддршка од таа партија за нивното барање за избори. Поради граѓаните се уште не е избрана Влада качена на Тиранската платформа, како и претседател на Собранието кој не отфрлил или се откажал од истата.

-Денеска сме тука за да го повториме она што го порачавме во петокот. Бараме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, за нашето барање за избори, избори за финална, избори на кои граѓаните ќе ја отфрлат Тиранската платформа. Досега покажавме дека сме посилни од Тиранската платформа, нема влада качена на Тиранската платформа, нема претседател на Собранието, кој не се откажал и не ја отфрлил Тиранската платформа, нема ниту да има, бидејќи сме посилни од Тиранската платформа, изјави Илиевски

Тој надополни дека бараат седница на Собранието со една единствена точка, а тоа распишување на нови предвремени парламентарни избори.

-Единствен начин да заврши кризата, државата да се врати во нормала, институциите да профункционираат, се нови парламентарни избори. Затоа бараме вклучување на Собранието, со една единствена точка, распишување на нови предвремени парламентарни избори. Ова барање го пренесуваме, го упатуваме, до 51-от пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Утре истото ќе го кажеме и на Павел Шатев пред СДСМ, се надеваме на разбирање, иако знаеме каде може да го добиеме, а каде се мали шансите. Наше е да одиме секаде и да се обидеме да го пренесеме гласот на граѓаните, кои 57 дена се на улиците, бидејќи ја сакаат својата татковина. Рековме дека оваа недела ќе соопштиме прецизни чекори од нашиот план, така и ќе биде, започнуаме со посета на партиските седишта и упатување на нашето барање, поконкретни работи ќе дознаваме во текот на наредните денови, изјави Илиевски