Граѓаните порачаа: Тирански платформи се решаваат само со нови избори!

Го знаеме одговорот, во нефункционална држава, функционален народ, рече во своето обраќање пред илјадниците насобрани граѓани пред Собранието еден од водачите на „За заедничка Македонија“ , Борис Дамовски.

-Нефункционални тирански платформи се решаваат само со нови избори, но и попис. Тука сме 43 дена и знаеме зошто, многу премолчени зборови и многу кажани, рече Дамовски.

Тој нагласи дека оваа нивна борба, поход, трае долго време, но некои од надвор не сакаат ова да го видат.

-Ако ни требаа нивни очи, никогаш немаше да прогледаме. Оваа Македонија има срце, заклучи Дамовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.