„Курир“: Граѓаните сакаат избори за јасно да покажат дека сакаат државата да оди напред

Високи 73,7 проценти од граѓаните сметаат дека предвремените парламентрани избори не треба да се одложат. Ова го покажуваат резултатите од спроведената анкета на Институтот „Павел Шатев“.

Според најголемиот дел од испитаниците, одржувањето на изборите треба да се спроведе на 24-ти април согласно договореното во Пржино. Експерите сметаат дека граѓаните сакаат избори бидејќи одбиваат да бидат заложници на било какви манипулативни сценарија, сакајќи политичката криза да ја остават зад себе, а државата да оди напред.

Денес секому му е јасно која беше позадината на целиот политички хаос кој го создадоа СДСМ и со кој му наметнаа на секој поединец во Република Македонија едно тешко бреме исполнето со недоверба, страв и несигурност. Она што опозицијата не го предвиде кога се одлучи да го спроведува своето црно сценарио е секако капацитетот на демократија и децениското искуство на македонските граѓани кои во преден план го поставуваат интересот на поединецот и прашањето за личната економска и општествена верификација, како и пошироко, интересот за просперитетот и унапредувањето на Република Македонија и од тие причини произлегува и високиот процент на мислење кај граѓаните е дека изборите мора да се одржат на договорениот датум т.е. на 24 април, оваа година и дека тоа е крајниот рок до кој тие ќе ја толерираат црната кампања која далекусежно им наштети на интересите на македонската држава, вели универзитетскиот професор Иванка Додовска во изјава за Курир коментирајќи ги резултатите од анкета на „Павел Шатев“.

Таа додава дека македонските граѓани веќе долг временски период се заложници на непринципиелната политичка пропаганда која го отсликува делувањето на опозицијата.

Оваа нетранспарентна и крајно манипулативна тактика која опозицијата ја одбра како инструмент за политичка битка со власта, неминовно доведе до разединување помеѓу македонските граѓани. Во текот на целата измината година, под силната бомбашка медиумска кампања на опозицијата, потпомогната од странски агентури, целокупното македонско граѓанство беше поставено пред дилемите кои беа наметнати од опозицискиот блок. Ваквиот начин на водење на политичка борба за освојување на власта, со користење на нелегални средства, на краток рок, го мобилизираше еден дел од народот, кој под влијание на истата, ја постави дилемата за транспарентноста на изборите, како и за легитимитетот на владејачката гарнитура. Но, како и секогаш, времето ги покажа вистинските намери на опозицијата, со разобличувањето на крајно неспособното раководство предводено од двоецот Заев – Шекеринска.  Во неможност да ја прикријат вистинската намера поради која и се нафатија на оваа валкана политичка тактика, без никаков сенс за реалните општествено-политички прилики и за вистинските потреби на електоратот, истакнува Додовска.

Според резултатите од анкетата најголемиот дел од граѓаните повеќе веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, отколку на оние од СДСМ. Голема е и разликата во довербата која граѓаните ја имаат за водење на економијата. Од испитаните граѓани 64,1 отсто на овие теми повеќе му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, а само 19,9 на СДСМ.

Ваквите резултати, политичките аналитичари сметаат дека се само уште еден показател и доказ дека граѓаните сакаат избори на 24-ти април,на кои ќе покажат дека повторно поддршката му ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ.