Граѓаните срдечно го пречекаа Груевски: Си останавте на зборот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со тим од партијата вчера беше во посета на мавровско-реканскиот крај и регионот на Центар Жупа, каде срдечно беше пречекан од жителите на сите населени места кои ги посети.

При посетата на населеното место Горно Косоврасти беше констатирано дека градоначаникот на општина Дебар не го исполни ветувањето при последната посета им го даде на мештаните, дека ќе ја доизгради чешмата во горниот дел на селото, со што мештаните би имале чиста вода за пиење.

Во обид да се најде решение, жителите се самоорганизираа и со сопствени средства и донации ќе ја завршат работата која општината повеќе пати ја одлужува.

При посетата на Могорче и Скудриње Груевски беше информиран дека жителите на околните населени места во маврово – реканскиот крај и регионот на Центар Жупа бараат да се формира една општина во која би биле сите овие населени места. Во општината би имало, како што беше речено, би имало околу 6.500 постојани жители.

Жителите на Центар Жупа велат дека на идните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што претседателот на партијата, Никола Груевски си остана на зборот и направен беше регионалниот пат Мелнички мост – Ценар Жупа, за што се инвестираа 1.2 милиони евра.

-Ветеното од страна на партијата ВМРО-ДПМНЕ, од страна на претседателот Никола Груевски, се гледа, е сторено, е направено. Сега треба ние нешто да направиме за претседателот наш, за нашата партија, за нашата држава. Ние што рековме? Направете го патот и ние ќе бидеме стално со вас. Треба ние сега да се држиме до зборот, како што се држеше претседателот, на идните избори да гласаме само за ВМРО-ДПМНЕ.

На дел од средбите со граѓаните беше потенцирано дека во овој регион се направени два пата во должина од по 9 километри, Бошков Мост – Дебар и Мелнички Мост – Центар Жупа.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владмир Ѓорчев потенцираше дека се што е асфалтирано во последните 40 години во овој крај е направено од ВМРО-ДПМНЕ.

-Метар асфалт нема СДСМ! Еден метар асфалт, истакна Ѓорчев.

Жителите посочија и дека се што било ветено од страна на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите било реализирано.

Груевски беше топло пречекан од жителите на сите населени места кои ги посети, без разлика на тоа на каква националност им припаѓаат мештаните.