Граѓаните веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата од СДСМ

Македонците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Брима Галуп.

ps4-chart87-520x178

Дури 41,5 проценти од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а за опозиционата СДСМ само 17,5 проценти.

7-chart-87-520x408

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1.006 испитаници на возраст над 18 години.

Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.