петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Граѓаните во Центар револтирани: Ветувањата на Жерновски држат само до избори

Многу ветено а малку реализирано! Ова е реченица со која може да се поистоветува работењето на Жерновски за подобро живеење на ѓраганите на Општина Центар. Населба Пролет е една од најстарите урбани населби во општината која е специфична токму поради автентичноста на зградите што се во неа, пишува Пресс24.

zernovskii

Поврзани вести

Многу ветено а малку реализирано! Ова е реченица со која може да се поистоветува работењето на Жерновски за подобро живеење на ѓраганите на Општина Центар. Населба Пролет е една од најстарите урбани населби во општината која е специфична токму поради автентичноста на зградите што се во неа, пишува Пресс24.

Жерновски уште во 2013 година пред сите жители во таа населба имаше презентација како еден од приоритетите во неговиот мандат за тоа како ќе изгледа ова маало со целосна замена на дотраените фасади. За жал и после три години од ова убаво ветување нема никаква реализација.

Како што пишува порталот, станарите на две згради уште на 17.07.2013 година имаат склучено договор со Општина Центар за реконструкција на фасадите на зградите. Услов кои требаше да го исполнат станарите за започнување на реконструкција беше замена на вратите и прозорците на целата зграда, во домовите и влезовите. Многу станари од финансиска неможност земале кредити и позајмица за да може да ги решат овие барања на Општината и да почне реконструкцијата на фасадите, но сеуште нема ништо од сето тоа.

zernovski zern

Градоначалникот Жерновски ни вети дека ќе ги замени дотраените фасади во цела населба и дека нашата зграда ќе биде прва. Но за да се реализира тоа не условија да ги смениме надворешните врати на влезовите со алуминиумски, прозорите со PVC, со дoмoфони пред влезовите и влезовите да се искречат. Од три понудени фирми ја одбравме најповолната понуда и сеуште плаќаме рати од договорот то го склучивме, а од фасадата нема ништо. Помош побаравме и од советничката Елена Петковска, која потекнуваа и живее тука во ова маало. Таа на советнички прашања во два наврати му се обратила на Жерновски, на што тој минатата година дал ветување дека оваа година ќе ги направат а пред некој месец исто така на советнички прашања одговорил дека ќе ни прави надградби, револтирано кажува станарот на една од зградите.

Не сакаме никакви надградби, си ја сакаме фасадата која ја добивме како ветување и ја чекаме повеќе од две години, пишува Пресс24.

1zernivski 2zernovski

Ова е нешто невидено, само се лаже, а ништо не се прави. Се позајмивме пари со сопругата за да ги подмириме трошоците што ги направивме за да добиеме фасада на зградата бидејќи постојано паѓа малтер одозгора, а уште нема ни Ф од фасадата. Па кој ќе ни ги врати тие пари ако ни ги растура пак прозорите и вратите и ни правии надградби Ова е стара населба и јас цело детство мое го поминав тука. Недозволуваме да се менува било што во ова маало. Или сите згради ќе бидат исти или ништо нема да се прави. Нека ни ги вратат парите што ги дадовме и што сакаат нека прават, видно вознемирен реагираше жителот од истата зграда.

 

3zernovski 4zernovski

Жителите на оваа населба се жалат дека навистина имаат проблем со дотраените фасади, постојано паѓа малтерот од зградите и среќа голема што досега никој не бил повреден. Апелираат до градоачалникот да си остане доследен на ветувањата и да се позанимава со целата населба, како што му беше првичното излагање и ветување дека населба Пролет ќе ја направи населба како од бајќите. Наместо бајка, овие жители сеуште имаат глетка на своие згради полоша од било кога.

Најчитани вести