ГРАЃАНСКА ВЛАДА НА РМ: Со Заев се ближи целосна катастрофа за Македонија

Како Совет и совест на граѓаните за заштита на граѓаните, на националните и на државните интереси, активистите на организацијата Граѓанска Влада на Република Македонија во вторникот по повод последните истапи на премиерот Зоран Заев при неговата денешна посета на Бугарија, се обрати до македонската јавност со соопштение во коешто се предупредува дека „се ближи целосна катастрофа“ за Македонија.

Во продолжение следи интегралниот текст од соопштението:

„ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: СЕ БЛИЖИ ЦЕЛОСНА КАТАСТРОФА ЗА МАКЕДОНИЈА

ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА СЛОБОДНА И СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА НЕКОЛКУПАТИ ПРЕДУПРЕДУВАШЕ ЗА ПЛАНОВИТЕ ДА БИДЕ РАСПАРЧЕНО И ОСТАНАТОТО ОД ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ДЕНЕШНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КАКО РЕЗУЛТАТ ОД СОРАБОТКАТА МЕГУ КВИНСЛИШКАТА ВЛАДА ЗАЕВ-АХМЕТИ-СЕЛА И МАКЕДОНСКИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ ОДНАДВОР.

ДЕНЕШНАТА СРЕДБА МЕГУ ЗАЕВ И БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИСОВ Е ПРВ КОНКРЕТЕН ПРАКТИЧЕН ЧЕКОР ЗА ОВА РАСПАРЧУВАЊЕ:

ПРВО, само за неколку минути Заев ѝ ја поклони на Бугарија ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ДО ДЕНЕС, со изјавата дека двете држави имале „заедничка историја“ ,при тоа бугарска историја.

ВТОРО, потврда за „бугарското“ минато на македонскиот народ беше топорењето на предавникот Заев пред споменикот на цар Самуил со табла со натпис „бугарски цар“.

ТРЕТО, наметнатиот за премиер македонски одродник ѝ го подари на Бугарија и најславното македонско востание – Илинден 1903 и ги покани татаро-бугарите да биде поделен овој свет македонски национален празник Илинден.

ЧЕТВРТО, беше најавено дека на македонскиот Илинден ќе биде потпишан Договор за пријателство со Бугарија по бугарски терк – без признавање на македонскиот јазик, заменет со „службен јазик„ , и на македонското национално малцинство во Бугарија. На тој начин Бугарија го добива тоа, кое не успеа во време на нејзините неколку окупации на Македонија.

ПЕТТО, моменталната квинслишка влада е спремна да ја подари и античката македонска историја,овојпат на Грција. Доказ за тоа беше средбата меѓу надворешните министрите за надворешни работи на Р.Македонија и на Р.Грција, Димитров и Коѕијас.

ПО ДОБРОВОЛНОТО ОТКАЖУВАЊЕ ОД ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА И ОД МАКЕДОНСКОТО ИМЕ (ИДЕНТИТЕТ), СЛЕДУВА МЕНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ И ДЕФИНИТИВЕН КРАЈ НА МАКЕДОНИЈА“, се истакнува во прогласот на Граѓанска Влада на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.