Граѓански активист и портпарол на МНР се заканува на новинар

Портпаролот на МНР и гласен граѓански активист во изминатиот период, Јане Лазески, вчера се осуди да „воведува ред“ на прес конфренцијата на Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц.
Како  што тврди телевизијата ТВ21, Лазевски му се заканил на новинар на оваа телевизија дека доколку постави прашање,  никогаш нема да добие интервју.

Вакво скандалозно однесување на вработен во државна инсттуција е недозволиво и за осуда. Интересно е што, токму Лазевски, како дел од граѓанската иницијатива „Јас барам / Ние бараме“, своевремено кога протестираше да се вратела државата на вистинскиот пат, цврсто стоеше зад барањето да им се овозможи на медиумите да ги информираат граѓаните објективно без да се соочуваат со притисоци и насилство.

„Новинарите и медиумските работници мора да бидат заштитени во вршењето на својата должност од насилства и почитички притисоци“, зборуваше тогаш Лазевски.

Како што објави ТВ 21, по завршувањето на прес-конференцијата и други вработени од министерството му се заканиле на новинарот со одземање на акредитацијата и упатување на протестна нота до редакцијата.

За инцидентот реагираше и ЗНМ, од каде овој настан го оценија како притисок врз медиумите.

„Остро го осудуваме однесувањето на претставникот на МНР, кој што денеска во текот на прес конференцијата на посредникот Метју Нимиц, се обиде да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу да постави прашање. Овој обид на МНР е целосно неприфатлив и ја загрозува слободата на медиумите и правата на граѓаните да бидат информирани за прашања од јавен интерес. Слични инциденти ја оцрнуваат сликата на новата влада и ја уриваат довербата кај граѓаните за работата на владата. Бараме од МНР да го истражи случајот и да преземе одговорност за лицето, со цел да се спречат слични инциденти во иднина. Го поздравуваме колегата Салиу кој што му се спротивстави на притисокот и продолжи да дејствува според професионалната етика служејќи му на јавниот интерес“, велат од ЗНМ.