недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Граѓански организации ќе го предложат Ердоган за Нобелова награда за мир

Културната заедница на Бошњаците „Препород“ во соработка си Здружението на демократски правници во НиХ и Босанско-турското пријателство Б осфор, одлучија претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган да го кандидираат за Нобелова награда за мир.

erdogan-5790e9e87086c

Поврзани вести

Културната заедница  на Бошњаците „Препород“ во соработка си Здружението на демократски правници во НиХ и Босанско-турското пријателство Б осфор, одлучија претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган да го кандидираат за Нобелова награда за мир.

Ердоган успеа  ноќта помеѓу 15-ти и 16-ти јули против модерните варвари, со легални и легитимни средства, со сестрана помош и поддршка од народот да ги одбрани институциите на Турција што се демократски и историски облик на владеење на правото и правната држава, се наведува во соопштението на овие три здруженија, пренесува српска „Политика“.

Тие наведуваат дека Ердоган со своите соработници успеал да ги сузбие сиромаштијата и криминалот, да го поткрене економскиот раст на Турција и да ја вклучи вио 15-те најразвиени земји во светот.

Се што прави Ердоган во изминатите 15-20 години придонесува Турција да стане куќа на мирот и сламка за спас за голем број бегалци од голем број земји зафатени со  војна, укажуваат овие три организации.

Најчитани вести