Граѓани кампуваат пред општина Струмица, бараат оставка од Заев

Од утрово, група од педесетина граѓани поставија шатори пред зградата на општина Струмица, во знак на протест против градоначалникот Зоран Заев, за кого неодамна на „јутјуб“ се појави видео во кое тој бара мито од 200.000 евра од струмички бизнисмен.

Незадоволни од тоа што Заев ја злоупотреува позицијата на градоначалник за криминални цели и сопствено богатење, демонстрантите посочуваат дека ќе останат да кампуваат пред општината се додека заев не си замине од градоначалничката функција.

 

ФОТО: Струмица денес