Македонија

Граѓаните, а не Заев, одлучуваат кој ќе биде во Владата

Граѓаните, а не Заев, одлучуваат кој ќе биде во Владата

Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во Владата, а не претседателот на СДСМ Зоран Заев, порача денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања за последните барања од опозицијата.

Груевски посочи дека главното барање на Заев беше формирање т.н преодна влада и оставка на Владата, но, порача, дека за тоа одлучуваат граѓаните.

– Неговото главно барање беше формирање на т.н преодна влада, нешто во форма на широка коалиција и давање оставка на Владата, на мене, на министрите и.т.н. за тоа кој ќе биде во Владата, а кој нема да биде одлучуваат граѓаните на Република Македонија на избори, изјави Груевски, при посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Граѓаните, потенцира премиерот, се тие кои ја дават оценката, гласот и довербата за политичка партија, кој ќе биде премиер итн, а не Зоран Заев.