Граѓаните да бидат поажурни во однос на доставувањето на елаборати за легализација на дивоградбите

„До сега се изработени 120 илјади елаборати, а потребно е да се направат повеќе од 230 илјади, па оттука упатувам апел до граѓаните уште веднаш да поднесат барање, бидејќи имаат законски рок уште шест месеци,“ апелираше директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

Тој посочи дека има само 400 вработени во геодетските фирми кои ќе треба да ги изготват овие 230 илјади елаборати, што е невозможно да се стигне.

„Може да се случи геодетските фирми по некое време да ги одбиваат барањата за изготвување на елаборати, бидејќи нема да можат да стигнат и да го запазат рокот. Затоа апелирам до граѓаните, уште веднаш да поднесат барања“, изјави Трпески