Граѓаните денеска ќе може да гласаат само еднаш

Граѓаните денеска ќе можат само еднаш да отидат до гласачкото место и да го искористат правото на глас.

Според укажувањето на Државната изборна комисија (ДИК), членовите на избирачките одбори се должни да му укажат на избирачот дека може да гласа за двата или само за едниот вид избори и оти подоцна нема да може дополнително да се врати на гласачкото место и да гласа, доколку претходно се определил да гласа само за еден вид избори. Овој пат избирачите ќе бидат обележувани со маркер на левиот палец во делот од средината на палецот по ивицата на подноктицата и ноктот од палецот поради забелешките дека може да се забележува обележувањето на десниот палец од изборите на 13 април.

Гласачките места се отворени за гласање во недела од 7 часот до 19 часот. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.