Граѓаните гласаа за најуспешниот градоначалник

Еден од дванаесетте градоначалници во Скопје ќе биде избран за најуспешен. Интернет порталот „Скопјеинфо“ и оваа година ја спроведе анкетата според која граѓаните гласаа за градоначалникот кој  работеше најнапорно и беше најпосветен на потребите на општината и  граѓаните во изминатава година.

Анкетата беше отворена за гласање во период од 19 декември 2013 година до 15 јануари 2014 година.

„Анкетата уште при првиот избор побуди навистина голем интерес кај граѓаните, што ни даде поттик изборот да го организираме и оваа година. Голем број граѓани гласаа за својот фаворит и до последниот момент неизвесноста беше присутна и не се знаеше кој ќе биде победник во трката за највредната титула дадена од граѓаните, најуспешен градоначалник“, изјави организаторот, „Скопјеинфо“.

Резултатите од едномесечната анкета ќе бидат изнесени јавно кога и ќе бидат прогласени тројцата најуспешни градоначалници на свечената манифестација закажана за 23-ти јануари во присуство на градоначалниците, претставници на локалната и централната власт.

Интернет порталот, Скопјеинфо анкетата за гласање за најдобриот градоначалник ја организира втора година по ред. Минатата година победник беше Ивица Коневски, градоначалникот на Аеродром, според гласовите на граѓаните втор беше Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општина Карпош и трет беше градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.