Македонија

Граѓаните ќе може да ги откупат државните станови до 31 март

Граѓаните ќе може да ги откупат државните станови до 31 март

Со новите измени во Законот за домување се продолжува рокот за поднесување барање за откуп на општествен стан до 31 март годинава, со цел да се заокружи процесот на откуп на станови во општествена сопственост.

Голем голем број граѓани имаат потешкотии во  комплетирање на  документацијата, бидејќи за некои од становите договорите се склучени пред повеќе од 30 години и не можат да се најдат ниту во архивите. Со измените на Законот и пролонгирање на рокот,  ќе се овозможи сите кои ги немаат документите, до определениот рок да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски и врз основа на тоа што имаат стан без соодветен акт да го откупат. На овој начин   се предвидува можност лицата да може да го откупат станот само со еден акт.

Со овој закон, Владата ќе им овозможи на повеќе од 300 семејства да го откупат општествениот стан во кој живеат, а за кој не можеле да добијат право на сопственост поради нецелосна документација.