Граѓаните на Груевски му поставија повеќе од 500 прашања на Фејсбук

Веднаш по завршувањето на синоќешниот митинг во Скопје на кој присуствуваа над 100.000 граѓани, Груевски и преостанатите носители на изборните единици, продолжија со турбо агендата и видео разговор преку интернет.

Граѓаните поставија повеќе од 500 прашања, а носителите на листите од ВМРО-ДПМНЕ одговараа на нив до два часот по полноќ. Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Никола Тодоров, Зоран Ставрески, Никола Попоски и Антонио Милошоски во штабот на партијата на улица „Македонија“, презентираа проекти и информации како одговор на прашањата од народот.

Ваквиот начин на комуникација кој започна да се практикува уште од 2011 година, по сеопфатна стратешка анализа, продолжи синоќа, а премиерот најави дека секогаш кога има простор и време, на овој начин ќе се сретнува со граѓаните и ќе одговара на нивните прашања.

Тие изразија почит кон интернет заедницата за големиот интерес да биде дел од овој разговор, изразувајќи подготвеност да одговорат на голем број прашања од граѓаните, потврдувајќи ја на тој начин отвореноста и транспарентноста во комуникацијата со народот.

Се поставуваа стотици прашања од различни области. Стипендирање за студенти надвор од земјава, легализација на дивоградбите, за нов стадион во Битола и странските инвестиции, реформи во здравството се само дел од прашањата на граѓаните кои синоќа добија одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.