Граѓаните на Крива Паланка масовно се потпишуваат на иницијативата за велепредавство на Заев

Иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија со која се бара лидерот на СДСМ да одговара за велепредавство денес ја потпишуваа граѓаните на Крива Паланка.

И во овој град денес истата слика како и во претходните. Редици граѓани чекаа да го стават својот потпис во одбрана на уставот и државниот поредок.

За само еден час беа собрани над 550 потписи, а секој потпис, велат е барање Заев да добие институционален одговор за неговото незаконско и антидржавно однесување.

GDOM-500

-Овие граѓани очекуваат  час поскоро ова да заврши и  дека на овој циркус  кој е во организација на Зоран Заев  конечно ќе му се стави крај, а целиот процес ќе влезе во судска постапка, изјави Алексанар Пандов од ГДОМ.

За граѓаните на Крива Паланка Заев одработува мрачно сценарио креирано од некои странски центри. Целта била, велат подржувачите на иницијативата, да се внесе страв и раздот во македонското национално ткиво, како и рушење на државниот систем.

GDOM-3--500

-Во Македонија, работите се менуваат, сведоци сме на странски инвестиции, тука пред наши очи се создаваат работните места, ќе се вработат млади. Очекуваме во наредниот период во кривопаланечко да се отворат нови 5.000 работни места, да се изгради пругата кон Бугарија, а со тоа да се јакне државата, младите ќе најдат вработување и перспектива, велат кривопаланчани.

Поддржувачите на ГДОМ од Крива Паланка тврдат дека на власт се доаѓа на избори со понудени проекти и реализација на истите.

GDOM-4-500