Граѓаните со иницијатива за водухот во Битола

Битола сака чист воздух За нас се работи е слоганот и иницијативата која денеска во јавноста ја пласираа граѓани кои велат засегнати од иста проблематика се соединиле на социјалната мрежа Фејсбук на први овој месец.Влеат не сме невладина, политичка партија, ниту асоцијација ни фондација граѓани сме на Битола. Велат иако во јавноста се даваше инфомација за алармантан состојба со загаденоста на водухот, тие ќе одат чекор по чекор прво ќе детектирале дали има аерозагадување, колкаво е истото од каде е изворот и натаму мерки за решевање на проблемот.

Нашата идеа не е да се создаваат нови или да се потхрануваат шпекулации од типот дека РЕК Битола, или ЕКО Клубот или кој уште не спомнат во сите постови на нашите главни поддржувачи се главни загадувачи ниту пак имаме сулуда идеа да се затвори РЕК, рече Иван Јерчиќ дел од групата.

Најважно велат им е мерните станици да се стават во функција да покажат дали има или не аерозагадување, колкаво е тоа и што понатаму. Ќе го решваат проблемот институционално во рамки на законот.

Со собраните потписи прво ќе побараме средба со градоначалникот и Советот кои се надеваме ќе ни излезат во пресрет за овој проблем……. собирање на потписи таа граѓанска иницијатива да стане законска, додава Јерчиќ.

На крајот се оградија од организација на било какви акции кои нема да бидат најавени на Фејсбук, медиумите или прес конференција на оваа тема од нивна страна и рекоа дека во иднина ќе организираат културно-едуктивни настани за помасовна афирмација на нивната идеја.