Граѓаните утре ќе можат да го посетат Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија утре ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните, информираа од собраниската прес-служба.

Со тоа, се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.

Посетителите ќе добијат можност да го посетат и свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.