Граната од Прва светска војна пронајдена во Битола

Граната од Прва светска војна вчера била пронајдена во Битола.

Шефот на возниот парк во „Нискоградба“, Д.Т., вчера пријавил дека при изведување градежни работи на канал „Курделес“ била пронајдена една артилериска граната од Првата Светска војна.

Од стручно лице од ДЗС гранатата е подигната за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.