Гранати истрелани од Сирија паднале во Турција

Гранатирано село под контрола на Курди
Гранатирано село под контрола на Курди

Минифрлачки гранати истрелани од Сирија паднале на турска територија.

Гранатите биле истрелани за време на долготрајните борби меѓу борците на групата „Исламска држава“ и курдските сили, кои го бранат сирискиот пограничен град Аин ал Араб (на курдски Кобане).

Најмалку една граната денеска паднала на турска територија, а вчера при падот на неколку други гранати во пограничниот турски град Суруч беа ранети три лица.

Од пограничните турски региони може да се види столб од чад како се крева над градот Кобане.