Балкан

Гранатиран турски товарен брод, еден офицер загина

Гранатиран турски товарен брод, еден офицер загина

Турски товарен брод е гранатиран од либискиот брег додека се приближил до пристаништето Тобрук, а потоа бил нападнат од воздух додека се обидувал да ја напушти областа, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Третиот офицер на бродот загинал, а неколку членови на екипажот се повредени во нападот. Турското министерство остро го осуди нападот.

Во соопштението на Министерството се нагласува дека бродот за време на нападот се наоѓал во меѓународни води, но без да прецизира кој стои зад нападот.