Еден работник загина, а двајца се повредени при гранатирањето на фабрика за кокс во најголемата украинска топилница „Метинвест“.
Опремата во фабриката и транспортната инфраструктура се оштетени.
Тоа беше најсилното гранатирање од прогласувањето на прекинот на огнот, соопшти „Метинвест“.
Како што јави Танјуг, заради вчерашното гранатирање фабриката не е во можност да испорача финални производи, ниту да прими залихи од сировини, а производството е во прекин, се наведува во соопштението на компанијата.