Гранатирана руската амбасада во Дамаск

Руската амбасада во Дамаск попладнево двапати беше цел на гранатирање, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека станува збор за провокација со цел да се загрози мировното решение за Сирија.

Една граната паднала во дворот од комплексот на амбасадата, додека втората завршила во непосредна близина на дипломатската мисија, пренесуваат британските медиуми.

Стручњаци за деминирање во моментов се наоѓаат во областа каде паднале гранатите, се додава во соопштението.