Гранатирано училиште на ОН во Газа, 16 мртви

Најмалку 43 Палестинци утринава се убиени во оган од израелската страна ширум појасот Газа, вклучувајќи 16 жртви во ОН чилиште, соопштиле палестинските медицински власти.

Во гранатирањето после 5.30 часот по локално време загинале 16 луѓе во училиште кое се користи како засолниште за оние кои се раселени во војната, рекол претставник на властите за АФП. Во претходните гранатирања на северот на појасот Газа загинало едно 11-годишна хендикепирано девојче, рекол портпаролот на итните служби Ашраф ал Кидра и гранатирањето кое следело во центарот на таа малечка територија на крајбрежјето  на Средоземното море убиена е една 16-годишна девојка.

Набрзо потоа на југот во Јун Јунис убиени се 10 членови на едно семејство, вклучувајќи и дете. Бројот на загинати во Газа се искачи на 1260, рекол Кидра, како што пренесува АФП. Во меѓувреме египетските посредници кои настојуваат да допринесат за завршување на непријателството, се подготвуваат да го изменат својот план на примирје. Вториот канал на израелската телевизија, јавил дека е постигнат напредок во настојувањето да се постигне договор.

Израел бара Хамас да биде демилитаризиран. Таа земја го прифатила првобиотниот египетски план за прекин на огнот уште на 15 јули кој Хамас го одбил. Новата понуда ќе биде претставена на палестинската делегација, а Израел можеби ќе испрати свој претставник во Каиро.