Граничар убиен, четворица ранети во напад на границата на Украина

Проруските сепаратисти од источна Украина извршиле вчера минофрлачки напад врз граничен пункт, при што загина еден припадник на граничната служба, а четворица се повредени. Околу 20 мини се истрелани од селото Маркино кон граничниот премин Новоазовск во Доњецката област, соопштила службата за обезбедување на границите, пренесоа медиумите.

Сепаратистите отвориле оган кон група граничари, кои се движеле кон граничниот премин за да ја преземат смената.

Од четворицата ранети граничари, тројца се во тешка состојба.