Граничната полиција ќе дели едукативни флаери на странските возачи

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во рамки на “Летната кампања 2014“ заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков го посетија ГП Блаце каде што започна делењето на едукативно-информативни флаери наменети за странските возачи кои транзитираат низ Република Македонија.

–  Согласно програмата за реализација на оваа кампања, целна група на денешнава акција се возачи странски државјани  учесници во сообраќајот, кои транзитираат или престојуваат во Македонија, при што од денес на граничните премини во Република Македонија на овие граѓани, од страна на граничната полиција ќе им бидат  поделени 100.000  флаери со едукативна содржина“, истакна министерката Јанкулоска која што симболично ја почна акцијата со делење флаери на странски државјани.

Флаерите испечатени на англиски јазик содржат корисни информации за странците околу сообраќајните правила и прописи во земјава.

Во текот на минатата летна сезона на најферкфентните коридори 8 и 10 се случиле 45 сообраќајни несреќи во кои учествувале странци, при што 23 лица настрадале.

Исто така во првите шест месеци од годинава регистрирани се вкупно 568 прекршоци сторени од возачи од странствочи, пришто наплатени се 508 парични глоби, поднесени се 38 барања за прекршочна постапка и преземени се уште 22 други мерки кон странските возачи.

Поради годишните одмори, зголемена е фреквенцијата на странци и возила на патиштата. На ГП Табановце дневно во просек на влез има и преку 15 000 лица, а на ГП Блаце околу 3.500. На ГП Богородица за излез и до 10 000, а на Ќафасан кон албанското приморје над 1.000 лица дневно