Граничната полиција сречи криумчарење на стока кон Косово

Вчера околу 20.00 часот во близина на месноста викана Плажа, Долно Блаце, граничната полиција забележала едно лице со натоварени два коња со криумчарена стока кој се движел во правец од Македонија кон Косово.

При обид на полициските службеници да го запрат, лицето ги оставило коњите и се дало во бегство во правец на Косово.

Меѓу криумчарената стока имало разновиден текстил и медикаменти од кои: палта, панталони, кошули, вратоврски,  потоа ампули кетонал, хигиа шампон,  аминофилин ретард, трамадол, ефедрин капки за нос, синтром антикоагулант, ацикловир маст, флажил, халдол таблети, далерон, нутрикомп течност, како и еден апарат за сечење стакло за диоптрија и сталажи за изложување на накит. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на инволвираните лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.