Граничниот премин Богородица и објектите околу него без струја и вода

Поради контроли на ЕВН денеска од 9 до 12 часот без вода и струја ќе бидат граничниот премин Богородица и објектите околу него.

Од контролниот енергетски центар на ЕВН во Гевгелија информираат дека поради редовни проверки на трафостаниците, три часа без струја и без вода поради прекин на работата на пумпите од бунарското подрачје „Вардар“ ќе останат казината „Принцес“, „Сенатор“ и „Фламинго“,  конзервната фабрика „Пајдаков“, бензинските пумпи „Лук оил“, „Макпетрол“ и „Шимов“, како и населените места Богородица, Стојаково и Селемлија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.