„Границите не се затворени, ако пешачите 5 км ќе влезете во Македонија“ – кој и зошто ги делел овие флаери во Идомени ?

ФОТО: МКД.мк
ФОТО: МКД.мк

„Германија е отворена за вас“ и „Границите не се навистина затворени, па ако пешачите 5 километри, ќе успеете да преминете во Македонија“, пишувало на флаерите што завчера вечер биле делени во кампот во Сехово (Идомени), по што 1.000 лица нелегално влегоа во Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Токму овие флаери, на кои што имало и прецизни упатства за тоа по кој пат да се движат мигрантите и бегалците за нелегано да ја минат границата, беа запленети од македонската полиција при претресот на уапсените во вчерашниот инцидент. На нив е напишано и името на поранешниот германски министер за труд, Норман Блум, кој што од пред неколку денови кампува со бегалците во “знак на солидарност”.

Претходната вечер наводно биле поделени листови, кои што според информациите, сугерирале дека границата е виртуелно затворенa и дека ако пешачат пет километри, би можеле да преминат во Македонија, што предизвика илјадници бегалци да го почнат својот пат кон границата, кратко по 12 и 30 часот на пладне, пишува весникот Катимерини.

Вчера вечер во Атина беше свикан итен состанок на грчките власти на иницијатива на премиерот Алексис Ципрас, откако Катимерини повикувајќи се на добро информирани извори од нашата земја, објави дека во најбрзо време се очекува реакција од македонската влада за вчерашниот инцидент.  Состанокот на кои што присуствуваа замениците министри за одбрана, за миграција, за поморство и останати владини преставници, според Катимерини бил свикан по информациите дека Македонија ќе ја обвини грчката страна дека не ги спречила бегалците да дојдат до границата, иако требаше да го стори тоа.

Се очекува Скопје да даде голема дипломатска димензија на предметот со масивната инавзија на бегалци и мигранти од кампот во Идомени кон територијата на БЈРМ попладнето, осудувајќи ја Грција за неактивнот на властите, пишува Катимерини.

ФОТО: Дневник
ФОТО: Дневник

И порталот Keep Talking Greece јавува дека на флаерите се тврдело дека границата не е всушност затворена и дека на 5 км од таму, може да навлезат во македонска територија.

Меѓудругото, на памфлетот се велело и „Границите на Германија се отворени за тебе“. Листовите биле наводно делени во недела вечер, а околу 12 на пладне во понеделникот правата група го напушти кампот во Идомени. Сеуште е нејасно кој стои зад оваа акција и што беше целата на тоа да се пратат околу 2000 очајни лица на толку опасен премин, кој што сигурно нема да ги одведе во Германија,  пишува порталот.

Сепак, за дел од македонското јавно мислење се чини дека е и повеќе од јасно која е целта на предизвикувањето на овој инцидент, како и тоа дека истиот е неминовно поврзан со денешниот соросово-опозициски протест пред Уставниот суд. Дел од македонските медиуми објавија дека нападот на границата и инвазијата со бегалци и мигранти е однапред планирана со цел да се изведе непосредно пред денешниот протест, со што вниманието на безбедносните служби би било фокусирано во Гевгелија, а не во Скопје за каде опозициско-соросовата машинерија најави палење на Уставниот суд.

Иако мигрантите и бегалците денеска се вратени во Грција, идникативно е тоа што по вчерашниот состанок на грчките власти, владиниот претставник на координативното тело за кризата, Јоргос Кирицис за телевизијата СКАЈ изјави дека останува отворена можноста Грција да не ја прифати реадмисијата на овие илјада лица кои што нелегално влегоа во нашата земја. Грчкиот земеник министер за одбрана Димитрис Вицас пак, нагласи дека според Женевската конвенција, не било легално Македонија да ги врати бегалците и мигрантите назад во Грција.