Граничниот премин Евзони се уште e затворен за сообраќај

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сеуште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа  влажни коловози.

Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.