„Гранит“ со нето добивка од над 360 милиони денари во 2013-та

Градежната компанија „Гранит“ во текот на минатата година оствари нето добивка од 360 милиони и 359 илјади денари, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Нето добивката на компанијата бележи пораст во текот на минатата година во однос на претходната година, кога беше на ниво од 291 милиони 238 илјади денари.

Според билансот на успех, оперативните приходи лани беа на ниво од шест милијарди 384 милиони 907 илјади денари, кои што во текот на 2012-та година биле пет милијарди 784 милиони и 279 илјади денари.

„Гранит“ во текот на минатата година, вкупните приходи од продажба беа пет милијарди 901 милион и 191 илјади денари, од кои што на домашен пазар се остварени пет милијарди 758 милиони и 669 илјади денари, додека на странски пазари се реализирани 142 милиони 522 илјади денари.

Оперативните расходи на компанијата во текот на 2013-та година беа пет милијарди 986 милиони и 50 илјади денари.