Македонија,Крими хроника

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп
Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

Двајца работници во Прилеп вчера настрадале додека истоварале гранитни плочи од возило.

Плочите се навалиле од товарното возило и паднале врз двајца работници во Прилеп, поточно во селото Ново Лагово.

Еден од двајцата работници во Прилеп починал на лице место

Четириесет и едногодишниот Зоран Д. починал на самото место на несреќата, а педесет и четиригодишниот Ж.С. се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата извршила увид на местото каде двајцата работници во Прилеп беа повредени и работи на целосно расчистување на несреќниот случај.

Несреќа при работа и во Гостивар

Педесет и двегодишниот електро-монтер  Љ.Х. од село Равен пред неколку месеци се здоби со тешки повреди откако падна од дрвен столб додека работел на замена на електричен кабел на улицата „Илинденска” на излезот од Гостивар.

Љ.Х. при падот се здобил со скршеница на левата потколеница, десното рамо и карлицата.

Работникот веднаш бил пренесен во болницата во Гостивар, а оттаму потоа на скопските клиники.

На местото на несреќата при увидот учествувал и државен трудов инспектор, кои заедно со полицијата треба да утврдат како дошло до повредување на работникот.

Водоводџија затрупан од земја во Тетово

Несреќен случај при работа пред неколку месеци имаше и на улицата „Сретко Крстески” при замена на водоводна цевка.

Четириесет и деветгодишниот И.Н., вработен во ЈП Водовод, додека работел во дупка на дефект, врз него се одронила земја од ископот и му ја повредило едната нога.

Полицијата веднаш излегла на терен и изврила увид на местото на настанот.

Работниците со поголеми права

Сојузот на синдикати на Македонија заедно со 18-те  здружените синдикати во својот состав , во изминатите 5 години презедоа голем број активности во општествениот и економскиот живот на државата, со кои од позиција на  претседател на Сојузот можам да бидам задоволен. За изминатиот  период постигнати се значаен  дел од предизвиците кои беа зацртани во агендата со која го добив мандатот на лидерската позиција , но во основата  на синдикалното ангажирање  е вистинскиот синдикалец никогаш да не биде докрај задоволен од  постигнатото, вели лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

На иницијатива на Сојузот во 2012 година донесен е Законот за минимална плата  со што е обезбедена долната граница на висината а платата на вработените во РМ и истовремено значеше сто процентно зголемување на платата за 65000 најниско платени работници, истакна Митревски.

Првиот човек на ССМ посочи дека е направен и значаен придонес кога   во2011 година била промовирана синдикалната минимална кошница како пореален модел на пресметување на трошоците на живот. Освен прикажувањето на вистинските трошоци на живот, синдикалната кошница отворила  можност за иницирање други прашања, како: одредување основа за минимална и најниска плата, барање модели за помош на граѓаните кои живеат во сиромаштија и други актуелни состојби. Вредноста на синдикалната кошница за месец декември 2010 година изнесувала 29.199 денари. (март 2015 вредноста синдикалната минимална кошница изнесува  251денари и е повисока од првата објавена за  10,45 проценти.

Крупен и историски чекор според Митревски е и Законот за минимална плата, донесен во 2012 година  со што е обезбедена долната граница на висината  на платите на работниците. После подолг временски период со ангажман на ССМ  повторно е воспоставено правото на регрес за годишен одмор за работниците од приватниот сектор во стопанството . Тој ги поздравува и направените измени во Законот за работни однси во делот на унапредување на заштитата од сите облици на дискриминација , заштита за време на бременост, раѓање и мајчинство , прецизирање на договорите за вработување во насока на заштита на работниците од непријавена работа, обезбедена заштита кај спогодбените откази.

Сојузот најдирекно и најконкретно ја остварува својата статутарна и програмска определба за заштита на работничките права преку организираната бесплатна правна заштита за своето членство. На овој начин, во периодот од 2011 до 2014 година е обезбедена бесплатна правна заштита во врска со над тринаесет илјади обраќања по разни правни основи. Податоците говорат дека во периодот 2011-2014 година   се поднесени 862 тужбени барање, водени  се 1.060 расправи и се добиени 576 пресуди. За одбележување се превентивните активности и спогодбено решените проблеми по пат на 7.356 дадени  совети, 1.459  изготвени барања, 1051 приговори и 183 спогодби, вели Митревски.

Првиот човек на Синдикат зборува и за бенефитите од  законот за хонораци при тоа посочуваји дека  ќе се елиминира големата нелојална конкуренција и ќе се елминира еден голем дел на работници кои работат во сива економија и не се заштитени.

Оваа синдикална организација се бори за подобар животен стандард, за поголемо вклучување на граѓаните во работниот процес и за зголемување на вработувањето, за намалување на сиромаштијата, за поголем економски раст и развој, за подобрување на квалитетот на условите на работење и живеење, за почитување на правата на работниците утврдени со закон и колективен договор, за работа и плата достојна за секој човек, посочува Митревски.