Грантови до 20.000 евра за компаниите и средните стручни училишта за создавање квалитетни кадри

Министерството за образование и наука во соработка со Светска банка додели грантови од 5 до 20 илјади евра за општествено одговорните компании  кои склучија договори со средните стручни училишта преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“.

Целта на овој проект е креирање на поквалитетен кадар во средното стручно образование.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ја посети компанијата ДОО Енерго систем која склучи договор со Државното училиште за рехабилитација „Партенија Зогравски“ кои добија грант за практична обука на учениците.

555555

-Станува збор за систем кој покрај теоретскиот дел од наставата се спроведува во рамки на соодветната компанија и училиштето, постои практичен дел што учениците директно се запознаваат со системите и со самиот начин на функционирање во делот на соодветната струјка. На овој начин најдобро се покажува целокупната општествена одговорност кои што можат самите компании да го дадат во развојот на образовниот систем, истакна Ристовски.

Тој посочи дека МОН и понатаму  ќе продолжи да го поддржуваме овој проект за зголемување на квалитетот на практичната настава и вештините кај самите ученици во средното стручно образование .

Директорот на ДОО Енерго систем Зоран Кондратенко истакна во нивната компанија учениците со оштетен слух и говор од училиштето„Партенија Зогравски“ во нивната компанија ќе добијат практична и теоретска настава  за запознавање на термотехнички инсталации и системи , поделени во неколку теми.

-За потребите на практичната настава Енерго систем подготви специјална работилница  во кој се инсталирани и ставени во функција сите елементи кои се предвидени со оваа програма и на кои учениците практично ги стекнуваат знаењата за намена, начинот на инсталирање и одржување на истите.

Тој посочи дека по завршувањето на проектот ЕС ќе ја стави на располагање работилницата за практична настава на образовни институции и на стручни здруженија за обука на кадри согласно нивните потреби.