Грантови од 10.000 евра за млади земјоделци

Младите земјоделци на возраст до 40 години од денеска  ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло, и  отворање на сопствен агробизнис, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е на средби со граѓани во кавадаречкиот регион.

Николовски посочи дека мерката е преку Програмата за рурален развој за 2018, и оваа година има промени во критериумите, се со цел да им се даде шанса на невработените млади земјоделци.

Огласот е објавен денеска и ќе трае во следните 30 дена. Оваа година согласно критериумите, се фокусираме на младите луѓе кои ќе ги поддржиме со неповратни 10.000 евра. Предност имаат лицата невработени повеќе од две години, членови на земјоделски задруги, оние кои што сакаат да инвестираат во сточарството, и младите кои се занимаваат со органско производство. Токму со оваа мерка ќе придонесеме кон зголемување на добиточниот фонд, инвестиции во набавка на опрема за постбербени активности, инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло.Очекувам голем интерес од младите земјоделци, кои секогаш ќе ја имаат поддршката од Владата, изјави Николовски.

Минатата година се склучија 424 договори со млади земјоделци кои добија неповратни 10.000 евра. Парите доделени беа во најголем дел беа наменети за набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети. Николовски посочи дека парарелно преку МЗШВ и Платежната агенција е започнат процесот на акредитација на Мерката за рурална јавна инфраструктура преку ИПАРД програмата, а која што е наменета за општините.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.