Грантови за 15 мали бизниси преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи

Преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи од неговото почнување со работа во март минатата година досега грантови добиле 15 мали бизниси.

Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот за што денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање со Здружението за локален рурален развој и проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, пренесува МИА.

Целта на фондот, основан од УСАИД во соработка со Здружението за локален рурален развој, е да создаде одржлив модел за поддршка на бизниси во сопственост на жени и млади во Полошкиот регион.

Досега во овој фонд се донирани 120.000 долари кои се користат за да се поддржи растот на малите бизниси во сопственост на жени и млади. Фондот дава мали грантови на овие бизниси со кои тие се прошируваат, ги зголемуваат своите приходи и отвораат работни места, соопшти Канцеларијата на УСАИД во Скопје.