Македонија

Грантови за 15 мали бизниси преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи

Грантови за 15 мали бизниси преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи

Од  март минатата година кога отпочна со работа Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи досега грантови добиле петнаесет мали бизниси.

Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот за што ќе биде потпишан меморандум за разбирање со Здружението за локален рурален развој и проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Целта на фондот, основан од УСАИД во соработка со Здружението за локален рурален развој, е да создаде одржлив модел за поддршка на бизниси во сопственост на жени и млади во Полошкиот регион.

Досега во овој фонд се донирани 120.000 долари кои се користат за да се поддржи растот на малите бизниси во сопственост на жени и млади. Фондот дава мали грантови на овие бизниси со кои тие се прошируваат, ги зголемуваат своите приходи и отвораат работни места, соопшти Канцеларијата на УСАИД во Скопје.