Грантови за поддршка на граѓански организации

Првите 15 акциски грантови за поддршка на граѓанските организации ќе бидат доделени денес во организација на CIVICA mobilitas.

Вкупниот буџет е над 25 милиони денари, а средствата се наменети за проекти за јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност, како и влијание за постигнување позитивни општествени промениза.

Сертификатите на првите акциски грантисти ќе им ги додели амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефано Лазарото.

Новата фаза на CIVICA mobilitas која ќе обезбеди поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во следните четири години започна во октомври минатата година.