Македонија

Грчев: Историското ВМРО е фашистичко, македонскиот народ создаден во ’45-та

Грчев: Историското ВМРО е фашистичко, македонскиот народ создаден во ’45-та

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека историското ВМРО е фашистичко, а македонскиот народ бил створен 1945 година.

Грчев, меѓудругото говореше, и дека спомениците на македонските херои се фашистички акт. Истакна и дека тие имаат ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански и подвлече дека ќе препорачаат отстранување на трите албански споменици од „Скопје 2014“.

Околу плоштадот во рамки на Скопје 2014 има три албански споменици. Сите три се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици. Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба, рече Грчев.

Грчев вечерва во „Само вистина“ потенцираше дека тој никогаш не рекол оти македонската нација и јазик се измислени и создадени во 1943 година.

Ова не е цитат, ова е злоупотреба. Јас кажав дека во рамките на југословенскиот државен проект е созадена македонската држава во која се еманципирани нацијата, јазикот и идентитетот, рече Грчев.

Само за потсетување, членот на Советот за култура на СДСМ, за српски медиуми минатата година во ноември месец излезе со скандалозна изјава дека македонската нација била измислена во рамките на Југославија.

Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманицпирана и македонската нација, и македонска култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања, истакна тогаш Грчев.