Грчев: Македонската нација е измислена! (ВИДЕО)

Мирослав Грчев, член на Советот за култура на СДСМ и актуелен шеф шеф на владината група за уривање македонски историски споменици во Скопје, во изјава за српски медиуми излезе со скандалозна изјава дека македонската нација била измислена во рамките на Југославија.

Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманицпирана и македонската нација, и македонска култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања, вели Грчев.

Ваквата скандалозна изјава на Грчев доаѓа од функција на актуелен член на Советот за култура на македонското министерство, создаден од министерот Робер Алаѓозовски. Овој владин претставник отворено ја негира македонската нација и култура, изјави кои се дел од смислено сценарио за гушење на слободномислечкиот Македонец.

Токму на ова предупредуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето последно интервју за телевизија Алфа. Груевски рече дека крајна цел на сето ова не е само ВМРО, не е само тој, туку крајна цел е да се сузбие секој слободномислечки Македонец, кој се грижи за својата држава, го сака својот народ, го сака својот идентитет, јазик име.

Преку разни механизми се делува сакањето на државата да стане демоде, а модерно да стане на пример геј браковите, посвојување на деца од хомосексуални бракови, тоа да е модерно, а некој ако си ја сака државата, или идентитетот, или името, или јазикот, тоа да е демоде, рече Груевски.