Грчева: Катица да ни објасни нам „нелегитимните“ кому и за што ги дава масните хонорари

По вчерашната скандалозна изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ги прогласи за нелегитимни сите институции во Македонија на својот Фејсбук профил се огласи и пратеничката Солза Грчева.

solza-640x488

Катица да ја избереме за Царица на Македонија! Само така ќе црпи легитимитет по наследство, а не како сега што и го даде Собранието кое „не било легитимно“ и не го признавала. Не знам само дали го признава и буџетот од 4 милиони евра за 3 месеци кој и го изгласавме ние „нелегитимните“?!“, напиша Грчева, потсетувајќи дека токму Собранието кое според Јанева е нелегитимно и го одобри буџетот за СЈО, пари чиј легитимитет Јанева единствено не го оспорува, покрај нејзиниот, даден од истото Собрание.

Грчева се исмева и со обемот и квалитетот на извештајот на Јанева за работењето на СЈО: „Инаку ја разбирам што не доаѓа во Собрание да го презентира извештајот што ни го предаде. Практично нема извештај. А би сакала да знам кому и за што се дадени масните хонорари.

На крај пратеникот Грчева потсети и на уште еден бисер на Јанева, која бараше одложување на рочишта на суд за цел месец бидејќи спремала свадба за својата ќерка: „Ај може после свадбата, па ќе ни дојде на гости.“