Грчева: Кој бре Цацко ви е да тргувате со наша земја?

НВО секторот се вдомува во Владата и трие раце за грантови. Во својот најнов фејсбук пост поранешната пратеничка Солза Грчева жестоко ја нападна Владата на Зоран Заев за стратегија (2017-2027) за мигранти, странци и бегалци која предвидува згради, населби, социјални станови, градинки, вработувања и олеснети државјанства за мигрантите со трошоци од државниот буџет на Македонија. Грчева во својот статус вели:

Со сиот ризик да бидам прогласена за ксенофоб, изјавувам дека Стратегијата за мигрантит е најголемиот цех кој треба да го плаќа Македонија на европскиот пат. Во Германија деновиве беа критикувани медиумите, кои некритички известувале во екот на мигрантската криза и од луѓето, за да и удоволат на Меркел, правеле насила ксенофоби. Сега им се извинуваат, но некако е доцна. Кај нас, бидејќи секој кој не покажува восхит и стопостотна вљубеност кон власта е прогласуван за предавник, јас го земам еве и тој предизвик. Кој бре Цацко ви е да тргувате со наша земја, со наши ресурси и со наша безбедност? Почнавте по три сметки кои сте ги направиле, да исплаќате одеднаш. Во сиромашна Македонија вие ќе давате работа и кредити на странци, а нашиве деца ќе потуцкуваат по бел свет. Имате ли трошка разум???? А невладините, т.е граѓанскиот сектор кој пикира и се вдомува во Влада, сега трие раце за грантови. Какво Собрание, какви дебати…Бунар

Владата на Зоран Заев преку министерката Мила Царовска подготвува стратегија за масовно доселување на мигранти во Македонија следниве 10 години.

Документот на МТСП е наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година, како и Акциски план ‎2017 – 2027“.

Документот предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.

Стратешките препораки вклучуваат: Подобрување на пристапот до стекнување државјанство и поврзување со проактивниот ангажман за интеграција, Олеснување на процедурите за семејно обединување како поддршка за процесот на интеграција, Намалување на честотата на ревидирање на поддршката за одржливост на процесот на интеграција, Проширување на поддршката за интеграција на бегалците кои стекнале државјанство или дозвола за привремен и постојан престој, се вели во Стратегијата.

Мигрантите, а не граѓаните на Република Македонија се приоритет во 2017 година за владата на Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.И покрај што многу граѓани и државјани на Република Македонија немаат решено станбено прашање, за Заев и Царовска приоритет се мигрантите, па така во Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 се предвидува изградба на 100 згради.
Во секторот „Домување“ стои следново:

Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.

Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.

Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.

„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“

Дополнително во документот на МТСП наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година се предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.