понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 10

Грчева до Дескоска: За министер за МВР ни треба професионален човек, а не добар човек

Добар може маж ми да е дома, тој епитет за маж ми ќе си го употребам. Кога се работи за министер за МВР ни треба професионален човек, а не добар човек. И тоа добрината нема мерка за добрина... Кој е добар, кој е лош? Мене ми е потребно дали тој човек работел во МВР, знае ли нешто од МВР или три месеци ќе ги учи секретарките и ходницитe.

grceva

Поврзани вести

Солза Грчева од СДСМ се исмеваше со ставот на својата партиска другарка Рената Тренеска-Дескоска и нејзините тези дека било важно „на власт да дојдат добри луѓе“.

Зборувајќи и за изборниот законик и за кадровите решенија на СДСМ, пратеничката Грчева смета дека Оливер Спасовски е лош избор за Министер за внатрешни работи бидејќи не е човек од фелата, нема искуство во МВР и „три месеци ќе ги учи ходниците и секретарките“.

Грчева на Тренеска-Дескоска и реплицираше: „Една друга работа ме интересира, рековте „и да е лош законот, битно е добри луѓе да дојдат на власт и да ги имплементираат овие закони. Епа, две логички работи се извлекуваат од оваа изјава, прво, признавате дека законот е лош, второ, не се потребни добри луѓе туку професионални.

Добар може маж ми да е дома, тој епитет за маж ми ќе си го употребам. Кога се работи за министер за МВР ни треба професионален човек, а не добар човек. И тоа добрината нема мерка за добрина… Кој е добар, кој е лош? Мене ми е потребно дали тој човек работел во МВР, знае ли нешто од МВР или три месеци ќе ги учи секретарките и ходницитe. Ова е несериозно, да велите дека добри луѓе ќе не водат сега. Имплицирате дека сите се лоши луѓе, овие шест сега ќе бидат добри луѓе. На основа на што тоа го просудувате? А што ако не испаднат па ни добри? Еве, не се професионални, знаеме дека не се. Ни еден не работи во својата професија во ресорот. Ниту еден. Еден да имаше барем професионалец… Како тоа „лош закон со имплементација на добри луѓе?“.  Па вие како правник треба да кажете дека законот мора да е добар. Па и не толку добри професионалци ќе го имплементираат ако имаат  добар закон, а не добри луѓе. Па не се боревме ние за добри луѓе да ни дојдат. Добри луѓе дома си имаме.“, рече Грчева.

Најчитани вести