среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Манасков: Среќен сум, Македонија се пласираше во следниот круг

Во однос на натпреварите во следната фаза, Манасков вели дека ќе имаат време да се одморат, а со минимум една или две победи ќе може да обезбедат многу повисок пласман.

HANDBALL-WC-2015-MKD-CRO

Последни вести

За македонската јавност, Дејан Манасков денес е јунак на натпреварот и човекот кој со последниот гол на мечот ја однесе Македонија во следниот круг од Европското првенство во Полска.

-Во минатото имав пехови како против Германија, но сега излезе јас да го решам  овој натпревар. Среќен сум, не затоа што јас го дадов последниот гол, туку затоа што Македонија се пласираше во следниот круг. Денес имавме повеќе среќа, војувавме 60 минути и успеавме да се пласираме во следната рунда, вели Манасков по натпреварот со Србија.

Во однос на натпреварите во следната фаза, Манасков вели дека ќе имаат време да се одморат, а со минимум една или две победи ќе може да обезбедат многу повисок пласман.

Најчитани вести