Македонија

реакции на законот за јазиците Грчева: Народот да ги запамети имињата на пратениците кои ја редефинираа државата

Грчева: Народот да ги запамети имињата на пратениците кои ја редефинираа државата

Јас ги повикав луѓето да ги запомнат овие пратеници бидејќи се уникатни, бидејќи тие ја редефинираа нашата држава, рече Солза Грчева во емисијата „Ѕид“ на Алфа Телевизија.

Грчева говореше за пратениците кои дадоа зелено светло за воведување на Законот за јазиците во Македонија со кој се руши унитарноста на државата.

„Јас верувам дека на некои од нив ќе им требало и дрога пред да влезат да гласаат. Малку им се и платите. Само ги замолив луѓето да ги запомнат по име и по презиме сите оние Македонци кои што ставиле потпис и кренале рака со зелено светло. Да не се лажеме, ова не излегува од потребите на малцинството, ова излегува од потребите на Зоран Заев да има влада колку толку стабилна влада“, истакна Грчева.

Ова е годината кога ние станавме од унитарна – бинационална држава да не се лажеме. Влеговме во преговори со Грција без црвени линии, констатираше Грчева.

„Многу јасно се преговара за нови име кое не е за надворешна употреба, туку е за целосна употреба. Се спомнаа убаво и јасно и пасоши и лични карти и дипломи и се што треба. Грците од тоа не отстапуваат. Дај Боже бидејќи тоа ни е единствената шанса да преживееме бидејќи од овде без црвените линии, само со црната линија е безусловна капитулации. Единствена шанса ни е Грција да не попушти“, рече Грчева.

Во четвртокот во Собранието на Република Македонија пратениците со 69 гласа ЗА и ниту еден против или воздржан го изгласа Законот за јазиците, во Собранието не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај пратениците на СДСМ за законот гласаа и сите други пратеници од владината коалиција.