Грчева: Новата влада е инклузивна за поранешните коалициони партнери на Груевски, а строго ексклузивна за луѓе кои ја терале опозициската агенда

Поранешната пратеничка Солза Грчева на гостувањето на Канал 5 изјави дека не верува во инклузивноста на новата влада предводена од Социјалдемократскиот Сојуз.

Грчева во изјавата вели дека не верува дека новата Влада е инклузивна.

-Најголемите битки во собранието за добро образование ги водев јас. Комисијата за образование буквално на плеќи ја носев. Еве сега се воведуваат некакви реформи во образованието. Дали мислите дека министерството ќе ме повика за ум, ќе ме стави во некој совет таму, не. Занчи штом ве избришале ве избришале засекогаш, изјави Грчева.

Таа вели дека СДСМ се инклузивни за доста работи, но за луѓе кои што ја терале опозициската агенда со деноноќна работа тие се строго ексклузивни.

-Инклузивни се да прифатат поранешните коалициони партнери на Груевски да им седат таму, инклузивни се генералниот секретар на владата да биде еден од потписниците на професорскиот контрапленум, за тоа се инклузивни, но за луѓе кои што ја терале опозициската агенда со деноноќна работа тие се строго ексклузивни, надополни Грчева

На крај Грчева на новаинарката и порача дека доколку биде повикана во министерството за образование ќе ги извести.