Политика

Грчева: СДСМ си ги скуси демократските капацитети

Грчева: СДСМ си ги скуси демократските капацитети
СДСМ особено на претходните избори, а сега уште повеќе се обидува да се ребрендира преку различен тип на владеење, што лично ми наликува на авторитарно, вели Солза Грчева.

-Кога сте десет години во опозиција се обидувате да дојдете на власт со различни концепти и тоа е легитимно. Не можете да ја замрзнете ситуацијата во партијата, онаква каква што била, морате да еволуирате во склад со делувањата на другите партии и случувањата во државата, и тука нема ништо спорно. Бев збунета од листите, не верувам во граѓанскиот концепт на СДСМ бидејќи доаѓа од истото раководство што не покажа разбирање за некаква независност, вели Грчева.