сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Грчева: Се потврди дека сум имала право што не ја гласав Јанева

Нејзината биографија и нејзиното немање на референции од областа на организиран криминал не ми дава за право да кажам дека ќе имаме еден јак обвинител како што сме гледале во многу земји.

solza-640x373

Последни вести

Очекувањата беа да почне да се занимава сериозно со сериозни предмети и  стратегија во тој опфат на предмети. Се процесираат од помал ранг предмети кои што само се предмет на еден сценски настап. Ние не видовме се уште некое сериозно обвинение од оние сериозни индиции кои што имаше можност да ги чуе јавноста.

За самата Катица Јанева јас многу отворено кажав, вели Грчева, уште на седницата лани кога го гласавме обвинителството и Катица Јанева. Нејзината биографија и нејзиното немање на референции од областа на организиран криминал не ми дава за право да кажам дека ќе имаме еден јак обвинител како што сме гледале во многу земји.

-Немав таква надеж и за жал ми се потврди тоа дека сум имала право што единствено од целата сала не ја гласав госпоѓата Јанева. По она што го гледав во собранието овие три дена кога таа беше присутна, мислам дека Македонија требаше и мораше да одбере посилен човек, човек кој што навистина ќе може достоинствено да се однесува, непристрасно и да не проектира кон јавноста пристрасност кон една или друга страна. Ова обвинителство требаше да биде нешто различно од она што веќе функционира, тоа е Јавното обвинителство, истакна независната пратеничка Солза Грчева при своето гостување вечерва во „Отвореното студио“ на телевизија Нова.

Најчитани вести